ЗА НАС

Салонот ПЕЕВ ЕНТЕРИЕР е основан 2001 година со седиште во Свети Николе. Основната дејност е трговија на мало со мебел. Работиме со најдобрите по квалитет, проверени и докажани производители на мебел во државата, а и од соседството. Се гордееме што можеме да се пофалиме со повеќедецениското работење и егзистирање на пазарот за трговија со мебел, големиот број задоволни клиенти и уредени домови, како и напредување во работата во смисла на зголемување на асортиман на производи, разновиден стил на внатрешно уредување, подобри услови на продажба, конкурентни цени, ефикасност и побрза дистрибуција.

Од неодамна ПЕЕВ ЕНТЕРИЕР се приклучи на модерните текови во индустријата, така што воведе новитет на организирање акции на продажба на производи со промотивна цена и производи со дисконтирани цени  се со цел да се доближиме што повеќе до потрошувачите и да ги задоволиме нивните потреби.

Наша цел е задоволни потрошувачи.